Powered By Blogger

4. 6. 2013.

Пелистер втор пат во историјата во бараж

ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, 10 МЕСТО И БАРАЖ СО СКОПЈЕ НА НЕУТРАЛЕН ТЕРЕН Е ЕПИЛОГОТ НА СЕЗОНАТА НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лога - 33 коло 
Пелистер - Напредок 1:2 (1:1)

Во последниот натпревар за директен опстанокот во лигата, Пелистер загуби од Напредок и напоредно со победата на Дрита над Шкендија, зелените регуларните 33 кола ги завршија на 10 место. Против секогаш незгодните кичевчани, Пелистер почна многу лошо. Гостите кој беа без толку голем притисок поведоа на половина час од играта. Жарко Симјановски погоди од дистанца и драстично ја искомпликува работата.
Девет минути подоцна со голот на Димитровски со глава, екипата на Миле Димов се врати во игра. За 36 годишниот напаѓач тоа беше 108 гол за Пелистер со што го мина Ванчо Мицевски и пред него на вечната листа останува само уште Зоран Бошковски. Целиот втор дел мина во исчекувања на позитивни вести од Боговиње, но таму Дрита ја совлада Шкендија и теоретски го прати Пелистер во бараж. Отворената игра им се освети на зелените и во 75 минута Петрески погоди од контранапад за победа и за опстанок на Напредок на Драган Бочевски.  

Нема коментара:

Постави коментар