Powered By Blogger

1. 2. 2013.

Петровски назад во Пелистер

ПЕЛИСТЕР ДОВЕДЕ УШТЕ ЕДНО НОВО ИМЕ И ТОА НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА
Деновиве се очекува официјализација, но скоро сите детали се веќе договорени. Четврто засилување на Пелистер во зимскиот преоден рок е младиот 24 годишен голман Илче Петровски, кој по шест месеци минати во Брегалница се враќа во матичниот Пелистер.
Имено откако не беше прв избор на голот под Исарот, Петровски ќе му се приклучи на Коруновски и оваа пролет Пелистер ќе има квалитетен голмански пар, кој по карактеристиките се надополнува. Петровски е дете на Пелистер, кој многу рано дебитираше во зелениот дрес, а на 22 години потпиша договор со албанскиот Подградец, каде мина една успешна сезона во која редовно го чуваше голот на овој албански прволигаш. Така по Кекец, Мегленски и Симеон Христов, тој ќе биде четврто ново име кај пелистерци и веднаш ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Гордан Здравков. 

Нема коментара:

Постави коментар