Минатиот викенд
на Пелистер одржано дршавното првенство во алспско скијање во велеслалом
Минатата година
возобнувањето на Пелистерскиот велеслалом беше првиот чекор за заживување на
еден од најпознатите скијачки центри во нашата земја и на Балканот, Пелистер
крај Битола. Сега само неколку дена по несреќниот пожар на планинарскиот дом,
на патеката кај Копански се одржа државниот шампионат во алпско скијање во
велеслалом во организација на федерацијата на училишниот спорт.
Ниту густата магла не претставуваше проблем за љубителите на планината да учествуваат или следат една од најмасовните манифестации оваа зима кај нас. Преку 150 момчиња и девојчиња од целата република беа дел од двете возења по кои беа прогласени победниците во сите категории. Најзаслужните за перфектната организација се обратија до присутните и најавија нови светли денови за белиот спорт во нашиот град и целата земја.

„Скијачи прво вас
ви се обраќам во името на федерацијата на училишен спорт, министерството за
образование и наука и агенцијата за млади и спорт. Голем поздрав до вас, до
вашите професори и тренери и навистина вие сте нешто што ветува дека Македонија
нема да згасне во скијањето. Голем поздрав до спортска Битола и до
градоначаникот кој по втор пат овде го заживуваме македонското скијање„ изјави
претседателот на федерацијата на училишен спорт Александар Туфекиџиевски. „Знаете дека со
жичарницата го решивме проблемот. Патеката како што гледате е одлично, но за
жал имавме една несреќа која ни се случи пред извесно време со планинарскиот
дом Копанки. Но ветувањата и заложбите се максимални и убедени сме дека уште
оваа градежна сезона ќе го санираме и ќе се обидеме да го направиме по европски
стандарди. Тоа место беше симбол, место кое ги собираше сите спортисти,
екологисти и љубители на природата 265 дена во годината„ рече градоначаникот
Владимир Талески. Ова државно првенство е само најава за Пелистерскиот
велеслалом, кој наредниот месец треба редовно да се организиран под Пелистер.
Постои нескриен оптимизам дека и покрај проблемите со помош на сите структури,
спонзори и помагатели ова старо натпреварување без проблем ќе се одржи.
Нема коментара:
Постави коментар