Powered By Blogger

15. 2. 2013.

Резултатски дебакл на пелистерци во „Градски парк„

ПОРАЗ ОД 49 РАЗЛИКА НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ОД РАБОТНИЧКИ ВО 11 КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
Работнички - Пелистер 108:59 (27:14, 31:17, 33:7, 17:21)

Според очекувањата Емил Рајковиќ ја забележа својата прва прволигашка победа како тренер на Работнички во дуелот против Пелистер. Откако беше непријатно изненаден од својот поранешен клуб Фени индустри, Рајковиќ конечно имаше причина за задоволство, откако неговите избраници лесно се справија со „фенерџијата“ Пелистер, демонстрирајќи ја својата надмоќ со убедлив триумф од 108-59.
Пелистерци се засилија во пресрет на вториот дел од сезоната, но експресно стана јасно дека овој тим нема што да бара во „Градски парк“. Домаќините доминираа во сите делови од кошаркарската игра, предводени од Американецот Абукар лесно го полнеа кошот на гостите од Битола. На одмор се замина со предност на најтрофејниот македонски клуб од 27 поени, по фуриозната трета четвртина таа позитива се искачи на неверојатни 53 поени разлика, за по повлекувањето на најдобрите играчи од терен, Работнички да му дозволи на противникот да одигра „егал“ во последниот период и мечот да заврши со конечни 49 поени разлика. Абукар беше најдобар стрелец на Работнички на оваа средба со 24 поени, Шарпер постигна 17 поени, додека Јане Петровски го заврши натпреварот со 13 поени. Калањ со 17 и Вукасовиќ со 11 поени најефикасни во тимот на Пелистер. Во 12 коло Пелистер в сабота го дочекува Кожув во спортската сала „Младост„. 

Нема коментара:

Постави коментар