Powered By Blogger

19. 2. 2013.

Започна и заврши Еуромилк, во средината погодуваше Пелистер

БОГАТ СО НАДИГРУВАЊЕ И ГОЛОВИ ТЕСТОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ЛИСИЧЕ ПРОТИВ ВТОРОЛИГАШОТ ЕУРОМИЛК
Еуромилк - Пелистер 2:2 (1:1)

Стадион во Ново Лисиче. Гледачи: 50
Судија: Никола Костенчев (Скопје)
Стрелци: Тодоровски во 16 и Пандовски во 90 минута за Еуромилк, а Ристевски во 40 и Христов во 66 минута за Пелистер
Жолт картон: Китановски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Еуромилк:

Маџаровски, Вељановски, Пандовски, С. Стојковски, Иловски, Тодоровски, Грујовски, Брњарчевски, Османи, Сребренов, Колакески
Уште играа: Костуранов, Мицков, Дар. Лазаревски, Др. Лазаревски, Исеини, Насевски, Ахмети, Љамулар, Керим

Пелистер:

Коруновски, Китановски, Лескароски, Драгарски, Лазаревски, Т. Магловски, Мегленски, Рутевски, Ристевски, Кекец, Христов
Уште играа: Петровски, Ивановиќ, А. Стојковски, А. Вељановски, Атанасовски, Тасевски

                По врнежливото време и тешкиот терен во Лисиче, второлигашот Еуромилк и битолски Пелистер одиграа борбено реми со квалитетни моменти од двете страни. Пелистер отпатува без 8-9 фудбалери кои останаа во Битола да ги лекуваат повредите или превентивно да се подготвуваат за дербито со Вардар. И скопските сини имаа проблеми во нападот заради болеста на Стојановски, Бујчевски и Василевски. По акцијата на Брњарчевски, битолчанецот Гоце Тодоровски во 16 минута од неколку метри ја втурна топката во мрежата на Коруновски. Сепак се послужи со рака и евидентно нерегуларно ја втурна топката во гостинската мрежа, но кога сите забележаа, главниот судија Костенчев покажа на центарот. Пелистер од 20 до 45 минута имаше евидентно позитивен период, исполнет со 4-5 шанси за гол, а по убавата двојна комбинација на Ристевски и Рутевски, капитенот на битолчани на 5 минути до одморот израмни на 1:1. Две минути подоцна Симеон Христов излезе сам пред Маџаровски, но помошникот судија подигна недозволена позиција, иако видливо беше дека младиот напаѓач се придодава од втор план. Сепак во вториот дел квалитетот на прволигашот дојде до израз и по најубавата акција на натпреварот, Ристевски убаво го послужи Симеон Христов, а овој од само 5-6 метри ја втурна топката во празната мрежа. Пелистер поведе и контролираше се на теренот се до 75 минута, кога следеа серија на замени и подмладениот тим на Здравков во последните 15 минути се повлече, бранејќи го минималното водство. Илчо Петровски интервенираше по ударите на Грујовски и Пандовски. Но во 90 минута засилувањето од Работнички, Пандовски со удар од работ на казнениот простор ја погоди целта за конечни 2:2. Солиден тест за зелените кои наскоро ќе се комплетираат пред пролетниот дел од шампионатот.  

Нема коментара:

Постави коментар