НАМЕСТО ДЕНЕС,
КОНТРОЛНИОТ МЕЧ СО РУФЕЈА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ГО ИГРА УТРЕ НА ПЛАДНЕ ВО ДОЈРАН
Денешниот дожд кој интензивно
паѓа во Дојран драстично ги смена плановите на Пелистер, кој мораше да направи
рокада во програмата како би го презакажал пријателскиот меч со Руфеја.
Наместо денес, утре точно на пладне овие две екипи треба да одиграа контролен меч, кој за зелените ќе биде последен петти на десетто дневните подготовки во Дојран. Наместо тоа избраниците на Гордан Здравков имаа двојна тренинг сесија и тоа претпладне во сала, а попладне колку што дозволуваше времето, на натопениот терен. Сите пелистерци се во стројот, па и оние кои по мечот со Младост Лучани се пожалија на полесени повреди и тренираа со намален интензитет во последните два дена. Пелистер не претрпе големи измени во играчкиот кадар за разлика од есенскиот дел од првенството и воиграноста на тимот од минатата есен, надополнет со неколку нови имиња, треба да биде адут на битолчани. Позитивна вест е што Благојче Главевски влезе во последната фаза на опоравување од повредата. Ја извади лонгетата од десната нога и го започна процесот од 2-3 недели, во кои треба да влезе во натпреварувачки ритам и да се подготви за мечот со Вардар. Ниту Тони Вељановски не е сериозно повреден. Иако ги напушти дојранските подготовки, неговата повреда на ногата не е опасна, исклучена е секаква сериозна повреда и од понеделник треба да се приклучи кон групата.

Како и секоја година,
така и на овие подготовки во Дојран заедно со оние кои го понесоа товарот во
есенскиот дел од шампионатот, тренираат и тројца најталентирани младинци на
Пелистер. Јове Трајковски, Антонио Стојковски и Александар Тасевски се од
почетокот на подготовките со поискусните. Минатата година истото тоа беше
случај со Бурхан Мустафов и Кристијан Атанасовски кои и оваа сезона се со
соиграчите. Мустафов веќе дебитираше во првенството, а Атанасовски во Купот.
Бурхан Мустафов кој е репрезентативец под 19 години се опоравува од повредата и
наскоро ќе биде максимално подготвен.
Нема коментара:
Постави коментар