ПО ОДЛИЧНОТО
ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ ИЗНАПРОМАШУВАА ПРОТИВ БОРБЕНИОТ СРПСКИ
ВТОРОЛИГАШ МЛАДОСТ ЛУЧАНИ
Пелистер -
Младост Лучани 1:1 (0:1)
Стадион:
„Дојранско езеро„ - Нов Дојран. Гледачи: 50
Судии: Војче
Истатов (Струмица)
Асистенти: Златко
Зафиров (Валандово) и Јован Ајтев (Дојран)
Стрелци:
Марковски во 49 минута за Пелистер и Гавриќ во 8 минута за Младост Лучани
Жолти и црвени
картони: нема
Пелистер:
Коруновски,
Китановски, Лескароски, Драгарски, Лазаревски, С. Магловски, Мегленски,
Рутевски, Ристевски, А. Вељановски, Марковски
Уште играа:
Кекец, Елмазовски, Миленковски, Т. Магловски
Младост Лучани:
Јанковиќ,
Марковиќ, Шињик, Милуновиќ, Големиќ, Н. Стојановиќ, Крњинац, Усени, Гавриќ,
Пешиќ, Милосављевиќ
Уште играа:
Прековиќ, Лазовиќ, Васиќ, Протиќ, Станојловиќ, Бетолингер, Јеремиќ, Божиќ,
Филиповиќ, М. Стојановиќ, Гордиќ, Луковиќ
Во натпревар со две различни
полувремиња Пелистер и српскиот второлигаш Младост Лучани одиграа борбено реми
на стадионот на Дојранско езеро. Пелистерци по лошиот старт, пропуштија серија
на зрели шанси во второто полувреме да стигнат до победа. Младост од Лучани
подобро влезе во мечот и нивниот напаѓач Гавриќ во 8 минута сакајќи да центрира
го префрли и изненади Коруновски за водство на десетто пласираната екипа во
српската втора лига. Битолчани ризикуваа да примат и втор гол, но по половина
час се разбудија. Изведоа 5-6 корнери и Ристевски во 31 минута на додавање на
Китановски ја имаше најзрелата шанса. По одморот на теренот загосподари нашиот
прволигаш и брзо стигна плод на правилниот пристап. Нововлезениот Кекец
центрираше, а Благојче Марковски ефектно од неколку метри го израмни
резултатот. До крајот Пелистер имаше уште две повеќе од стопостотни шанси.
Ристевски во 77 минута излезе сам пред Прековиќ, но биеше крај голот. Иста
таква шанса Лазаревски му подготви на Кекец во 87 минута, но пак ударот од 7-8
метри заврши крај голот. Голем проблем за Гордан Здравков се повредите на
напаѓачите, бидејќи по повредите на Главевски и Димитровски и болеста на Симеон
Христов и стрелецот Благојче Марковски превентивно беше повлечен од игра во 70
минута, заради болки во бутниот мускул. За битолчани утре од 14:30 часот
следува последниот дојрански тест со второлигашот Руфеја.
Нема коментара:
Постави коментар