ПРИСТИГНУВААТ
ПРВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО РАКОМЕТНИОТ КЛУБ, СО НАЈАВА ЗА НЕШТО ПОДОБРА ПОЛУСЕЗОНА
Веќе две недели
ракометарите на Пелистер се наоѓаат во тренажен процес под водство на Кире
Поповски. Пред продолжувањето на првенството и финалната борба за што е можно
подобра позиција, Пелистер се обидува да го засили играчкиот кадар за оваа
пролет.
Така најголемо засилување е ангажирањето на Александар Ангеловски кој во првиот дел од сезоната настапуваше за Куманово. Инаку ова момче е од струшката школа, а покрај за Куманово настапуваше и за МРК Вардар и Вардар Про. Во Пелистер се врати и крилото Игор Илиевски кој се опорави од тешката повреда здобиена во периодот кога настапуваше за Тинекс Пролет. Исто така во тренажен процес е и Златко Вељановски кој не настапуваше во последните неколку сезони. Клубот се обидува да ангажира уште две нови имиња и тоа на позициите пивотмен и бек. Инаку од Пелистер си замина само Миле Ордев, кој го носеше дресот на битолскиот прволигаш само шест месеци. Инаку се тренира со полна пареа и целта е Пелистер да биде поконкурентен оваа пролет и да се избори за место во европските купови по едногодишна пауза.

Нема коментара:
Постави коментар