Powered By Blogger

10. 2. 2013.

Пелистер со првиот чекор кон опстанокот

КК Пелистер ангажираше четири странски засилувања
Она што се најавуваше во последниот период, доби официјална потврда. Битолскиот кошаркарски прволигаш Пелистер Спорт и покрај тоа што досега не оствари ниту една победа, не планира да се откаже од борбата за опстанок во Првата лига и затоа ангажираше нови засилувања.
Тимот на Благој Печалов доведе четворица нови странски играчи во своите редови. Станува збор за двајца играчи кои се добро познати на македонската кошаркарска јавност, Сањин Балаш кој сезонава играше за Струмица и Александар Калањ кој лани беше дел од Работнички, а покрај нив, во салата „Младост“ во Битола пристигнаа и Србинот Владимир Сатариќ и Босанецот Никола Вукасовиќ. Во текот на зимскиот период, тимот го напуштија искусните Талевски и Марјановиќ. На тимот на Благој Печалов му преостануваат уште пет кола во рамките на Првата лига и според моменталниот изглед на табелата, главната борба за опстанокот ќе ја води со тимот на Вардар.

Талески: „Кошарката ќе се издигне„

                Знаете дека зацртавме програма за спорт и култура по која работиме и комплетно го помагаме и масовниот и професионалниот спорт. Кошаркарскиот клуб влезе во Првата лига со голем ентузијазам и сега кога му е потребна помош за да опстане во најсилната категорија, ние му подаваме рака. Одделивме средства со кои управата веќе донесе неколку засилувања и сите заеднички веруваме дека тое ќе биде доволно за да се остане во Првата лига. Тоа би требало да биде само почетокот. Верувам дека во нашиот план Битола да стане најспортски град и кошарката ќе си го најде своето место и во наредните неколку години ќе се издигне и ќе се бори за висок пласман.


10 - коло

Пелистер - Вардар 89:80 (20:19, 28:21, 16:24, 25:16)

                Конечно во десеттиот официјален меч во сезоната, кошаркарите на Пелистер покажаа амбиција повеќе и благодарение на подолгата клупа и српските засилувања, стигна до победа над директниот конкурент Вардар. Клучна беше последната четврина, кога Калањ и Петковски „нагазија„ и донесоа радост на 500 љубители на кошарката во спортската сала „Младост„ Во скопскиот табор најсветла точка беше Гајовиќ кој постигна 16 поени, но кај зелените Калањ со 24, Петковски со 20 и Балаш со 14 поени главни „архитекти„ на победата која влева надеж за опстанок во елитата. 

Нема коментара:

Постави коментар