Powered By Blogger

27. 2. 2013.

Битола „живее„ за ново вечно дерби

ПОД ТУМБЕ КАФЕ СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА МЕЧОТ КОЈ ТРИ МЕСЕЦИ ГО ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ
Во градот под Тумбе кафе се бројат деновите пред стартот на вториот дел од првенството, а тој за прв пат нуди „вечно дерби„ уште на стартот на фудбалската пролет. Во Битола се подготвуваат и најмалите детали пред гостувањето на лидерот. Стручниот штаб и фудбалерите, бордот на директори и спортската структура и навивачите ветуваат дека Пелистер ќе ги положи сите тестови и околу организацијата и долу на теренот.
Тревникот на стадионот под „Тумбе кафе„ долго време беше сочуван за овој меч. Ниту еден контролен мел, зелените не одиграа на својот главен терен, а ниту поројниот дожд во понеделникот не создаде толку многу проблеми како во Штип и Турново. Вонредната седница на бордот на директори на клубот во вторникот ги дефинира и последните детали околу организацијата на средбата, а ниту доаѓањето на гостинските навивачи не создава грижа за битолчани. Тие ветуваат дека се ќе мине во најдобар ред, за разлика од есенското дерби во Скопје. Ангажирани се професионални околу обезбедувањето, редарската служба и со засилениот број на луѓе од полицијата, пелистерци веруваат дека в недела ќе се говори само за фудбал. Впрочем во Битола скоро никогаш немало организациони пропусти и главно изолираните инциденти ја расипувале сликата. Овој пат битолчани ќе се обидат и тие изолирани инциденти да ги исконтролираат и сведат на минимум. На зелениот терен избраниците на Гордан Здравков не се залажуваат со серијата на неуспеси на Вардар на контролните мечеви. Напротив, противникот го ценат како лидер на табелата и тим кој три пати веќе го совлада Пелистер минатата есен. Ако зелените фаворитската улога ја префрлаат кај вардарци, нивниот играчки кадар полека се комплетира. Според планот од пред некој ден со групата тренираат Елмазовски, Миленковски, Тони Вељановски и Стефан Магловски и единствено за „вечното дерби„ нема да бидат подготвени Благојче Главевски и Кире Степановски. „Чкембарите„ исто така долго го подготвуваат ова дерби и целиот град деновиве е обоен во зелено, со плакати, билборди, флаери, видео пораки како покана за полн стадион в недела. Кога играат големите ривали ниту големата дистанца во бодови и местата на табелата ништо не значат. Овој меч посебно во Битола се смета како меч за трофеј и затоа и покрај резултатски скромната полусезона, Пелистер многу очекува од првото дерби во новата година.

Утре прес-конференција на пелистерци

                Утре на пладне во конференциската сала на стадионот под Тумбе кафе, закажана е прес-конференција на која ќе говори новиот тренер Гордан Здравков, некои од засилувањата и од бордот на директори. Битолчани ќе испратат порака за фер и коректно навивање, без инциденти и обид да се запамети ова дерби по најквалитетниот натпревар во нашиот клубски фудбал, а не по нешто друго. 

Нема коментара:

Постави коментар