ПЕЛИСТЕР ОСТАВИ
ЗАД СЕБЕ ОСУМ ДЕНА ОД ДОЈРАНСКИТЕ ПОДГОТОВКИ, СО РАЗЛИЧНИ ВПЕЧАТОЦИ ОД
СРАБОТЕНОТО
По нешто повеќе од една недела
на зимските подготовки во Дојран, може да се повлечат првите заклучоци во
таборот на пелистерци. Одлични услови, бавно комплетирање на играчкиот кадар,
четири различни спаринг партнери - тоа се главните карактеристики на стројот на
Гордан Здравков, кој посебно во нападот ги нема сите алтернативи на
располагање.
Главевски и Димитровски се повредени, Симеон Христов по неиграњето со Младост Лучани заради болест, денес нормално тренираше и утре ќе биде во комбинација на петтиот тест со второлигашот Руфеја. Неизвесен е настапот на Благојче Марковски кој почувствува болка во бутниот мускул во второто полувреме на претходниот пријателски меч, но денес ги одработи двата тренинга. Не е исклучена можноста да одмора или да игра само неколку минути со Руфеја. Општ впечаток на сите четири пријателски средби е дека Пелистер подобро игра во вторите полувремиња, за разлика од првенствените средби минатата есен, кога многу подобро изгледаше во првите 45 минути. Битолчани имаат уште 18 дена да го состават мозаикот од цели 90 минути, кои мора да ги одиграат во исто темпо, доколку сакаат позитивен резултат против Вардар, по трите есенски порази во првенството и Купот „Подготовките до овој момент течат во најдобар ред, според планот. Но се уште немам точен увид, бидејќи не се соочивме со таков противник и се уште не сме комплетни. Рано е за било какви заклучоци. Ние напорно работиме, имаме доволно време до почетокот на вториот дел од првенството и верувам дека ќе бидеме подготвени за предизвиците кои не очекуваат„ ни рече тренерот на Пелистер Гордан Здравков меѓу двата денешни тренинзи во Дојран.

В петок битолската експедиција
се враќа под Тумбе кафе каде се очекува со екипата во тренажен процес да се приклучат
и Тони Вељановски и Драган Димитровски, кои заради повреди не ги одработија до
крај дојранските подготовки. На 19 фебруари во Скопје со Еуромилк и на 24
фебруари во Битола со Напредок следуваат двата последни контролни натпревари пред
стартот на пролетниот дел од првенството.
Пет отстапки на
младите таленти на Пелистер
Оние најталентирани млади
фудбалери кои се прекубројни во ростерот на Гордан Здравков, а Пелистер смета
на нив и во иднина, добија шест месечна одстапка во второлигашки екипи, како со
сигурност би имале потребна минутажа и би биле под мониторинг на битолчани.
Така Александар Анастасов и Никола Гоновски се отстапени во прилепски Корзо,
каде тренер е Зоран Штерјовски. На овој клуб му пристапи и довчерашниот член на
Пелистер, Никола Марковски. Во Прилеп, но во дресот на Победа ќе игра Дејан
Велевски, а Новаци го засилија чуварот на мрежата Дарко Ристевски и левиот бек
Кирче Ристевски. В лето се очекува отстапените фудбалери да се вратат во базата
и да се борат за место во поширокиот тим на Пелистер.
Нема коментара:
Постави коментар