Powered By Blogger

31. 1. 2013.

Митревски и Тодоровски судат во Волгоград

БИТОЛСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН СУДИСКИ ПАР ЌЕ ЈА ДЕЛИ ПРАВДАТА ВО РУСКИОТ ВОЛГОГРАД
Ново големо признание за битолскиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Само некој ден по нивното враќање од светското првенство во Шпанија, каде ги следеа натпреварите на поискусните колеги, битолските судии добија нов предизвик во евро-куповите.
Имено Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на мечот од осминафиналето во женска конкуренција меѓу Динамо Волгоград и српскиот Зајечар. Тоа е неизвесен дуел на две екипи кои се национални шампиони на своите земји, а рускиот Динамо играше и во групната фаза на Лигата на шампионите.  

Нема коментара:

Постави коментар