Победата над
Новаци од 6:0 го зајакнува моралот и тимскиот дух на ФК Пелистер пред
подготовките во Дојран
Новаци - Пелистер
0:6 (0:3)
Стадион во Новаци:
Гледачи: 100
Стрелци: Рутевски
(2), С. Магловски, Кекец, Марковски (2)
Пелистер (прво
полувреме):
Коруновски,
Драгарски, Т. Вељановски, Китановски, Миленковски, С. Магловски, Рутевски,
Ристевски, А. Вељановски, Христов, Трајковски
Пелистер (второ
полувреме):
Петровски,
Лескароски, Т. Магловски, Ивановиќ, Лазаревски, Т. Магловски, Мегленски, Кекец,
Мустафов, Марковски, Тасевски
Во дуелот на комшиите, Пелистер
на Гордан Здравков славеше на теренот на второлигашот Новаци со убедливи 0:6.
По поднослив терен и добри временски услови, зелените веднаш се наметнаа и во
раната фаза Стефан Магловски погоди за 0:1. На ефектен начин со лоб удар
Рутевски во 16 минута зголеми на 0:2. Истиот фудбалер својот одличен меч го
заокружи со гол за три разлика за прволигашот на полувреме. Пелистерци со нови
11 фудбалери истрчаа на теренот во вториот дел и пак ги оправдаа очекувањата.
Новото засилување хрватот Кекец го постигнаа последниот шести гол за
поквалитетната битолска екипа. Единствено заради повреда не настапи Благојче
Главевски, а сите останати ја добија потребната минутажа. Во вторник Пелистер
ќе замине на десеттодневни подготовки во Дојран каде веќе се договорени
пријателски средби со Миравци, Тиверија, Младост Лучани и Колубара.
Нема коментара:
Постави коментар