Powered By Blogger

15. 2. 2013.

Во знакот на Чантурија и Пецаковски

ОЧЕКУВАНА ПОБЕДА НА ЗОМИМАК ВО КОНТРОЛНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР
 Пелистер - Зомимак 30:36 (15:17)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)

Пелистер:

Тоскоски, Божиновски, Костовски 2, Димитровски 2, Мемиќ 1, Ангелевски 9, Дрогришки, Илиевски 4, Чурлевски 5, Вешовски 2, Рајатовски, Митевски 4, Вељановски 1, Ивановски, Талевски, Нечков

Седмерци: 6/6
Исклучувања: 2 минути

Зомимак:

Колев, Стојановски, Соколов 2, Маглешев, Тренчевски, Чантурија 14, Павловски, Везенковски 4, Пецаковски 8, Атанасов 2, Милосављевиќ 4, Лазаров, Петковски 2, Георгиев

Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути

                Во првиот посериозен тест пред стартот на вториот дел од шампионатот, младата екипа на Пелистер загуби од поквалитетниот Зомимак во меч кој мина во знакот на Чантурија и Пецаковски. Двајцата бивши пелистерци беа движечка сила на струмичани и заедно постигнаа 22 гола. Мечот мина без многу внимание и концентрација во одбраната, па затоа паднаа многу голови. Засилувањето од Куманово, стружанецот Александар Ангелевски ги оправда очекувањата и постигна 9 гола. Во вторник избраниците на Кире Поповски играат нов тест натпревар со Преспа во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар