Powered By Blogger

25. 2. 2013.

Кожув не даде да биде изненаден во Битола

Кожув дојде до очекувана победа на гостувањето против Пелистер во Битола
Пелистер - Кожув 72:82 (14:25,19:18,20:16,19:23).

Очекувана победа на фаворитот Кожув во спортската сала Младост. Гевгеличани до триумфот во Битола ги водеа одличниот Мијаиловиќ со 24 постигнати поени, дополнети со 6 асистенции и три скока, како и Караџовски кој заврши со 11 поени.
Во домашниот тим најдобар беше Калањ со 22 поени а Петковски постигна 17 поени. Избраниците на Благој Печалов многу лошо го отворија натпреварот и по вина на лошите први 10 минути, не успеаа рамноправно да се борат за подвиг против учесникот во BIBL лигата. Во првите 4-5 минути гостите од Гевгелија погодија три тројки преку Мијаиловиќ и ветеранот Блажевски, а имаа и многу повеќе скокови. Играта под обрачите беше постојан проблем за битолчани, кои ја менуваа играта во  одбрана само да фатат приклучок. Петковски и Калањ намалија на 29:34, но од тој момент дистанцата никако не опаѓаше под 10 разлика. Така на големиот одмор се отиде со 33:43, со отворени „карти„ во преостанатите 20 минути. Но скоро ништо не се измени во карактеристиките на стартот од средбата и играта на Пелистер премногу зависеше од србинот Калањ. Кога на сето тоа ќе ја придодадеме и подолгата клупа на Кожув не беше едноставно да се направи подвиг. Кога Анакиевски погоди на истекот на третата четвртина, резултатот гласеше 53:59. Но србите Мијаиловиќ и Божовиќ ги спуштија пелистерци на земја, а и проблемите со личните грешки си го направија своето. Добра вест  е единствено поразот на Вардар од Лирија, со што дистанцата со црвено-црните останува само една победа во полза на скопјани.   

Нема коментара:

Постави коментар