ПЕЛИСТЕР ЗАБЕЛЕЖА
ПОБЕДА ВО ПЕТТИО КОНТРОЛЕН МЕЧ НА ДОЈРАНСКИТЕ ПОДГОТОВКИ
Пелистер - Руфеја
2:1 (1:0)
Стадион во
Црничани
Главен судија:
Војче Истатов (Струмица)
Асистенти: Златко
Зафиров (Валандово) и Јован Ајцев (Дојран)
Стрелци:
Марковски во 7 и Кекец во 60 минута за Пелистер, а Суља во 55 минута за Руфеја
Жолти и црвени
картони: нема
Пелистер:
Петровски,
Китановски, Драгарски, Лескароски, Лазаревски, Мегленски, С. Магловски,
Елмазовски, Христов, Кекец, Марковски
Уште играа: Т.
Магловски, Ивановиќ, Рутевски, А. Вељановски
Руфеја:
Мифтари, Салаи,
Алили, Калаба, Беџети, Рамадани, Мусаи, Арифи, Сулејман, Османи, Суља
Уште играа:
Рахмани, Идризи, Шакири, Мемеди, Лимани, Исмаили, Азизи
По тешкиот терен во Црничани, Пелистер и Руфеја одиграа борбен
контролен меч во кој заради поголемото искуство прволигашот издвојува победа.
По првиот корнер на Лазаревски, највисоко во противничкиот казнен простор
скокна Благојче Марковски и уште во 7 минута го доведе Пелистер во водство.
Истиот фудбалер послужен од Китановски во 29 минута имаше голема шанса и за
втор гол, но со глава биеше за малку крај голот. Финишот на првиот дел им
припадна на фудбалерите на Менсур Јакупи, кои имаа три шанси за израмнување.
Сепак Суља и Османи од поволни ситуациии не го најдоа патот до мрежата на
Петровски. Но затоа на стартот на вториот дел, по шутот на Рамадани, топката
среќно стигна до Суља кој небранет од никого ја пласираше топката во битолската
мрежа. На сличен начин пет минути подоцна, Кекец се избори за удар од 9-10
метри од десно и го изненади Мифтари за второ водство на пелистерци. Во
последните 20 минути ритамот опадна, настапи серија на замени и Пелистер го
приведе мечот кон крај. По тешкиот терен и двете екипи одиграа солиден и
корисен тест натпревар. Пелистер кој настапи без повредениот капитен Димче
Ристевски ја забележа првата победа во петтиот натпревар на дојранските
подготовки. Избраниците на Здравков по утрешниот утрински тренинг се враќаат во
Битола и со тренинг повторно продолжуваат в недела попладне.
Кире Степановски
назад во Пелистер
По шест месечна одстапка во
Напредок, битолчанецот Кире Степановски се враќа во Пелистер. Кичевчани не го
продолжија договорот со левакот од Битола и тој веќе од наредната недела ќе му
се стави на располагање на стручниот штаб на Пелистер. Со него Здравков добива
уште една алтернатива по левата страна, но неизвесно е од кога ќе може да смета
на него, заради незгодната повреда од која се опоравува.
Нема коментара:
Постави коментар