Како и во
претходните две години, кошаркарите на Пелистер Куп авантурата ја завршуваат во
осминафиналето
Куп на Македонија
(осминафинале)
Вардар - Пелистер
74:59 (16:15, 14:14, 28:9, 16:21)
Кошаркарите на
Пелистер се елиминирани уште на стартот во националниот куп по поразот во
Скопје. Пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија обезбеди
составот на Вардар, кој што премногу лесно ја совлада ослабената екипа на
Пелистер со 74:59.
Керкез повторно беше главна фигура во црвено-црниот дрес со 20 поени и 11 скокови, а до дабл-дабл стигна и Ѓуриќ, кој го заврши натпреварот со 12 поени, 11 скокови и 5 асистенции. Екипата на Работнички не дозволи да дојде до сензација во рамките од осминафиналето од Купот на Македонија, добивајќи го реванш дуелот со второлигашот Апаве со убедливи 77:56, со што најтрофејниот македонски клуб се пласираше на завршниот турнир во ова натпреварување. Очигледно беше дека поразот минатиот викенд ја имаше зголемено фокусираноста на Емил Рајковиќ и неговите избраници, кои што овојпат одиграа далеку подобро во одбраната и сосема заслужено стигнаа до убедливата победа. Со убедлив настап на домашен терен во реваншот против второлигашот Карпош Соколи, Струмица им се приклучи на МЗТ, Кожув, Лирија, Фени, Куманово, Работнички и Вардар на Завршниот турнир од Купот. Засилувањето Тони Грнчаров предводник на победата од 78:52. Многу поубедлива и постабилна игра прикажаа струмичани на овој реванш натпревар, во однос на првиот меч во Скопје кој го загубија со 62:60. Со Тони Грнчаров во тимот, кој пристигна како големо засилување од МЗТ, Струмица остави малку шанси за инаку амбициозниот второлигаш да се надева на евентуално изненадување во салата „Парк“.

Нема коментара:
Постави коментар