Powered By Blogger

18. 2. 2013.

Уште два теста за пелистерци, пред гостувањето на лидерот

ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ДОЈРАН, ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАПОЧНАА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ ЗА ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ
По саботниот спободен ден, фудбалерите на Пелистер вчера попладне имаа редовна тренажна сесија на која учествуваа скоро сите кои ги минаа десетто дневните подготовки во Дојран. Исто така и денес избраниците на Здравков ќе тренираат под Тумбе кафе, а утре во Скопје ќе одиграат контролен натпревар со второлигашот Еуромилк.
Кога овие две екипи се сретнаа во Втората лига минатата сезона, младата скопска екипа два пати го совлада подоцнежниот победник во Втората лига, битолски Пелистер. Младинскиот репрезентативец Христијан Драгарски го анализира сработеното во спортскито центар „Истатов„ „Мислам дека создадовме одличен тим. Новајлиите ги прифативме како наши деца. Не обраќавме многу внимание на резултатите, тие се најважни штом почне првенството. Имавме помали повреди, но тоа брзо ќе се санира. Почнувајќи од мечот со Вардар, верувам дека ќе го видиме оној Пелистер кој сите го посакуваме„ ни рече Драгарски, кој се приклучи на вториот ден на подготовките заедно со Китановски и Христов. Тројцата по пријателскиот натпревар на младинските селекции на Македонија и Албанија во Драч одиграа 3-4 меча, пропуштајќи го дуелот со Миравци.
                Со Еуромилк, пелистерци ќе бидат без Главевски, Тони Вељановски и Димитровски, а сите останати кои чувствуваа полесни повреди се опоравени и ќе добијат своја минутажа. Битолската публика новиот Пелистер ќе има можност да го види в недела на 24 фебруари, кога во Битола доаѓа изненадувањето на полусезоната Напредок. Постои можност за уште еден тест пред пролетното деби на Здравков со Вардар на 3 март.    

Нема коментара:

Постави коментар