Powered By Blogger

8. 2. 2013.

Солидна игра, два минимални порази


МИРАВЦИ - ПЕЛИСТЕР 2:1 (2:0)

Во првиот котролен натпревар кој го одиграа “пелистерци“ во Дојран против екипата на Миравци, се поразени со резултат 2:1, полувреме 2:0.  За оваа средба тренерот Гордан Здравков вели дека играле добро, посебно во второто полувреме, а додава дека во оваа фаза од подготовки резултатот е во втор план.
Стрелец на голот е Адријан Кекец, а шанса да покажат колку се подготвени добија сите фудбалери, освен тројцата млади фудбалери кои се со репрезентацијата и повредниот Благојче Главевски.

ПЕЛИСТЕР - КОЛУБАРА 1:2 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер и против екипата на Колубара одиграа резултатски идентично и повторно загубија со 2:1, на вториот натпревар од подготовките кои ги имаат во Дојран, во спортскиот комплекс “Истатов“.  Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше Илир Елмазоски.  Повторно за екипата на Пелистер не настапија младинските репрезентативци кои настапија за “у-21“ селекцијата,  Томе Китановски, Христијан Драгарски и Симеон Христов.

Нема коментара:

Постави коментар