ПОСЛЕДНАТА ФАЗА НА ПОДГОТОВКИ, ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНУВА ОД
ДЕНЕШНИОТ ТЕСТ СО ЕУРОМИЛК ВО СКОПЈЕ
Големи
надежи оваа пролет, пелистерци полагаат во младинскиот репрезентативец Томе
Китановски, кој во декември минатата година во Анталија дебитираше и за
најдобрата нашата репрезентација. Тој заедно со Драгарски и Христов од третиот
ден се приклучија на подготовките на Пелистер во Дојран и одиграа уште четири
контролни средби покрај мечот на нашата млада селекција во Драч.
Така максимално подготвен Китановски верува во опстанок и позитивна пролет. “Добро се подготвивме. Најдобро е што одигравме корисни пријателски средби и што полека се комплетираме по повредите. Верувам дека до нас зависи каде ќе играме наредната сезона. Местото по квалитетот ни е во Првата лига„ ни рече младиот страничен фудбалер. Тој и соиграчите денес му гостуваат на второлигашот Еуромилк во Скопје во контролен натпревар. Ростерот кој ќе го води тренерот Здравков е истиот со кој ги заврши дојранските подготовки. Тони Вељановски, Димитровски и Кире Степановски тренираат надвор од групата, а ним им се приклучи и Благојче Главевски. Четворицата како мета го поставија опоравувањето до мечот со Вардар, но неизвесно е дали ќе бидат подготвени и ако тоа се случи веројатно во нозете ќе немаат капацитет за цел натпревар, туку само за одреден дел.

Нема коментара:
Постави коментар