Powered By Blogger

10. 2. 2013.

Семинар за реален аикидо во Битола

Виденд гостин и викенд полн со активности во центарот за боречки вештини „Пелистер„ од Битола
Минатиот викенд во нашиот град гостуваше еден од најголемите оасови во светот на боречките вештини. Во организација на аикидо федерацијата на Македонија во Битола се одржа семинар за аикидо тренери за добивање на тренерски лиценци, на кој предавач беше големиот мајстор на оваа вештина Љубомир  Врачаревиќ
Имаме дваесетина тренери кои традиционално доаѓаат во Битола на семинар на кој самите стекнуваат нови знаења, а потоа ги пренесуваат на младите ни рече Ѓуро Илиќ, кој и сам беше предавач на семинаротОвде во Битола тука се мајстори од повеќе балкански градови, на  јас им држам еден курс. Тие претходно имаа теоретски дел со испитни испитни прашања и методи од теоријата и од тактиките. По се ова можам да кажам дека овие луѓе овде сега само добиваат уште една дозвола за ова знаење да можат во 2013 да го пренесат на младите„ пресреќен беше Врачаревиќ кој со своето искуство им ги откри тајните на овој спорт на најмладите. Битола е најголемиот аниматор за реален аикидо на Балканот и убедливо најдобар град во оваа област во Македонија, а во таа насока за некој месец тука ќе биде отворена и канцеларија на светскиот центар за аикидо, во која асоцијација се вклучени 50 земји од светот.

Талески: „Чест е Битола да организира ваква манифестација„
               
                Мене ми е посебна чест што овој викенд во нашиот град гостува една од најголемите легенди во овој спорт Љубомир Врачаревиќ. Ние уште пред неколку години направивме голем чекор со тоа што овие простории од месна заедница ги реновиравме во еден модерен центар за боречки вештини, во кој тренираат многу наши сограѓани. Го имаме и Ѓуро Илиќ кој во овој спорт е „алфа и омега„ и нашиот град е центар не само на македонското џудо и аикидо, туку и на просторите на целиот Балкан нашиот центар нешто значи. Од господинот Врачаревиќ можеме многу да научиме, тој не е прв пат во Битола, но и овој пат го пренесува звоето знаење на многу заинтересирани, кои овој викенд добија лиценца за професионални тренери.  

Нема коментара:

Постави коментар