Заврши лицитирањето за организација на Завршните турнири во
Купот
ЖКК Клубски беше единствениот клуб кој се пријави на
лицитацијата за доделување на организација на Завршните турнири од Купот, па
салата „М.М.Брицо“ во Делчево втора година по ред ќе ги пречека четирите
најдобри екипи кои ќе се борат за трофејот.
За Завршниот турнир од Купот во машка конкуренција немаше пријавени, па организацијата останува на МКФ, која до крајот на наредната седмица ќе го соопшти градот и местото на одигрување на натпреварите. Претседателот на МКФ, Даниел Димевски, ги информираше присутните на јавната лицитација дека точното место на одигрување на Завршниот турнир од машкиот Куп ќе биде соопштено на денот на официјалното извлекување на двојките, односно до крајот на наредната седмица. Иако неофицијално, Димевски нагласи дека покрај Скопје, во конкуренција се уште неколку градови од внатрешноста на Македонија. Завршниот турнир во Купот во машка конкуренција ќе се одигра од 28 до 31 март, а ќе учествуваат МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово, Работнички, Струмица и Вардар. Бранител на трофејот од лани е МЗТ Скопје Аеродром, додека најтрофеен тим во историјата на ова натпреварување е Работнички. Што се однесува до Завршниот турнир во женскиот Куп, ЖКК Клубски од Делчево беше единствениот пријавен на јавниот конкурс, со што ја доби организацијата по почетната цена. Така, полуфиналните натпревари и финалето кај сениорките, заедно со финалето кај младинките, втора година по ред ќе се одржуваат во салата „М.М.Брицо“ во Делчево. Турнирот ќе се игра на 7 и 8 април, а ќе учествуваат Вигор Скопје, Клубски, Кросиг и Бадел 1862. Бранител на трофејот од лани е Вигор Скопје, а истата екипа е и најтрофејна во натпреварувањето.

Нема коментара:
Постави коментар