Powered By Blogger

2. 2. 2013.

Битола и се поклони на „златната„ Оливера

Најдобрата македонска спортистка, освојувач и на наградата „Спортист на Битола за 2012 година„
За разлика од минатата година овогодинешниот избор на најдоброто од битолскиот спорт и битолските клубови беше во видливо подобро издание, со повеќе насмевки и оптимизам. Конечно ги има меѓународните постигања, растот на инвидуалните спортови и понекоја најава дека и колективните спортови се движат по вистинска линија.
Во знакот на „златната„ Оливера и громогласниот аплауз, кој конзулскиот град го испрати до нашата параолимпијка мина 49 традиционален избор на Сојузот на спортови - Битола на чело со Силјан Мицевски.

Најдобри 10 спортисти на Битола за 2012 година

Оливера Наковска - Бикова (параолимписко злато и светски рекорд во Лондон 2012 година)
Гордана Цветковска - Бошевска (КК Самурај) - 3 место на европско првенство
Борче Костов (МК Мотостарс)
Мартина Боглева (ЖФК Топ-гол)
Јонче Илиевски (ПСК Димитар Илиевски - Мурато)
Ана Котевска (ЖКК Пелистер)
Иван Крстевски (КГС Партизан)
Игор Тоскоски (РК Пелистер)
Томе Китановски (ФК Пелистер)
Николче Соколовски (СК РЕК Битола)

Најдобри млади спортисти

Никола Гулевски (МК Мотостарс)
Дејан Дамевски (КК Самурај)
Валон Арифи (ЏК Пелистер)
Емилија Трајковска (СК Јане Сандански)
Мила Мандиќ (ЖКК Пелистер)
Ана Ивановска (СК РЕК Битола)
Милена Крстевска / Димитар Кимовски (ТСК Степ)
Ѓорѓи Кузмановски (АК Олимп)
Стефани Скерлевска (ЖФК Топ-гол)
Стефан Дрогришки (РК Пелистер)
Иван Симоновски (ПК Орка)
Мартин Тодоровски (ПК Олимпик)
Рахела Марковска (КК Пелистер спорт)
Мартин Мирчевски (ФК Пелистер)
Димитра Јовановска (КК Младост)

Екипа на годината (сениорска конкуренција)

ЖФК Топ-гол
МК Мотостарс
ЖКК Пелистер

Екипа на годината (младинска конкуренција)

ЖФК Топ-гол (младинки)
ФК Пелистер (пионери)
РК Пелистер (младинци)

Тренер на годината

Звонко Шундовски (селектор на машката ракометна репрезентација)
Кире Грбевски (тренер на ЖФК Топ-гол и селектор на младинската репрезентација)
Тони Бошевски (тренер на КК Самурај)

Училишен спорт

ОУ „Коле Канински„
СДУ „Таки Даскало„
Соња Белџигеровска (ОУ „Елпида Караманди„)
Борко Тромбев (ОСУ „Таки Даскало„)

Посебни признанија

Тодор Кулевски (ОФС Битола)
ПСК Пелистер - придонес за развој на зимскиот спорт и големи заслуги за жицарницата

Посебни благодарници

Оливера Наковска - Бикова
М-р Владимир Талески
Силјан Мицевски

Изјави по манифестацијата: 
Оливера Наковска - Бикова
(спортист на Битола за 2012 година)

                Ова дефинитивно беше моја најуспешна година, бидејќи успехот во Лондон е мојот животен успех, најдобро постигање. Посебно ме радува наградата во мојот град и сакам да им се заблагодарам на сите кои ја донесоа оваа одлука. Напорно ќе работам и понатаму да ги оставарам моите понатамошни цели.

Гордана Цветковска - Бошевска
(втор најдобар спортист на Битола за 2012 година)

                Ова признание го добив благодарение на третото место на Европското првенство. Имав успешна година и веќе агендата за оваа година е полна и се подготвувам за нови врвни резултати.

Тодор Кулевски
(добитник на посебно признание)

                Ова е големо признание за мене, за мојата долгогодишна работа, за трудот кој ОФС Битола го вложи да стигне до своето место. Ние не само што најголем сојуз по регистрирани членови во Македонија, туку своевремено бевме и меѓу најмасовните во Југославија. Благодарност за наградата во името на сите членови на ОФС Битола.

 Владимир Талески
(градоначаник на Битола)

                Знаете за нашиот план за инвестирање на 1 милион евра за спортот и културата во 2013 годината. Битола ќе биде спортски, најспортски град. Ние сме подготвени ако врвните резултати навремено дојдат, да инвестираме уште повеќе. Го започнавме и проектот за спортски комплекс „Тумбе кафе„ во кој ќе им овозможиме на врвните спортисти да имаат идеални услови за тренинг и натпревари.
Наскоро книга во пресрет на 50 избор

                Доајенот на битолското спортско новинарство Димче Миновски на крајот од фебруари, треба да ја промовира книгата посветена на половина век избор за најдобри спортисти на еден од најспортските градови во Македонија. Според правилата на Сојузот на спортови во конкуренција влегуваат само спортисти кои настапуваат за битолските клубови, регистрирани во Сојузот. Така често и спортисти од други градови ги добивале наградите. Миновски потсеќа на фотографии од првите избори, на трофеите на Вера Вељановска, Љупчо Спирковски, Пепи Манасков, Кирил Лазаров, Митко Стојковски, Димитар Илиевски - Мурато и уште многу,многу други.


Нема коментара:

Постави коментар