09.04.2015.

„Тумбе кафе„ оди на реновирање, Пелистер ќе игра во Прилеп?

ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА ДОМАШНИ МЕЧЕВИ ВО ПРИЛЕП, А СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ ЌЕ БИДЕ РЕНОВИРАН
Без разлика што пред неколку недели Пелистер се изјасни дека сака да игра на свој терен до крајот на сезоната и да го одложи реновирањето на стадионот „Тумбе кафе„ денес стигна потврда дека стадионот ќе биде затворен за натпревари и тренинзи, бидејќи следува првиот чекор од подновувањето на застарениот спортски објект во Битола.
Како дел од програмата „Хет-трик„ стадионот во Битола ќе добие нов тревник, а инспекцијата на ФФМ, денес го потврди одобрувањето на новата трева за домот на пелистерци. Подоцна се очекува да биде изградена и нова трибина, како дел од проектот за нов стадион. Времето на нејзина изградба сеуште не е дефинирано. Неофицијално Пелистер своите домашни мечеви ќе ги игра во Прилеп на стадионот „Гоце Делчев„ каде своите мечеви ги игра третолигашот Победа. Во комбинација се уште терените во Охрид и теренот на ФФМ во Скопје, но соседниот Прилеп е првиот избор. Можеби таму ќе им тргне на битолчани, кои не победиле од 14 септември, а во неделата на последниот домашен меч загуби од Хоризонт Турново со 0:1.

Нема коментара:

Постави коментар