02.04.2015.

Степановски пак во стројот, по половина година ќе игра в сабота со Турново

ПОЛЕКА СЕ ПРАЗНИ „БОЛНИЦАТА„ ПОД ТУМБЕ КАФЕ. СТЕПАНОВСКИ ВЕЌЕ МУ Е НА РАСПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ ОВОЈ ВИКЕНД СО ТУРНОВО
Додека „срцето„ на одбраната на Пелистер го сочунуваа Методија Степановски и Александар Крстески, Пелистер имаше најдобра одбрана во лигата и на ниту еден натпревар не прими повеќе од еден гол. Во средината на септември истовремено двајцата се повредија и битолскиот „брод„ почна да тоне.
Степановски се оперираше од препони, ја пропушти втората половина од есенскиот дел, мина само еден дел од турските подготовки, не настапи на ниту еден од деветте контролни мечеви, а не доби шанса и на трите средби за бодови оваа пролет. Пелистер беше претпазлив со него и дури во средата доби 90 минути на мечот на Б екипите на Силекс и Пелистер во Пробиштип. Степановски е целосно опоравен и му недостига само ритам на натпревари. Се очекува в сабота против Турново во директниот дуел за опстанок да добие шанса од самиот почеток. Во негово отсуство Хаџиевски беше приморан да го врати Чешмиџиев од средниот ред во одбраната и да му даде шанса на младиот Велковски. По Велигденските празници се очекува враќање и на вториот искусен дефанзивец, прилепчанецот Крстески.  

Нема коментара:

Постави коментар