Powered By Blogger

23. 4. 2015.

Заврши сезоната за Никола Митиќ

МИТИЌ СКАПО ЈА ПЛАТИ ПОВРЕДАТА НА МЕЧОТ ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ВО КРАТОВО 
Пелистер игра лошо оваа пролет, а не го штедат ниту повредите. Штотуку влезе во потребната форма и го постигна својот прв гол во дресот на битолчани, српскиот фудбалер за врска Никола Митиќ заработи повреда на коленото на почетокот од второто полувреме вчера во Кратово.
Првите контроли не се оптимистички и веројатно се работи за оштетување на лигаментите на коленото. На нешто повеќе од еден месец до крајот на сезоната, скоро сигурно е дека Митиќ е загубен за преостанатите седум мечеви за бодови. Теренот во Кратово е малерозен за пелистерци, откако во пролетниот дел Благојче Марковски ја скрши клуќната коска. Претходно заради операција на препоните, шампионатот пред време го заврши младиот Јовче Трајковски. Пелистер е на 5 бода до осмо пласираната Брегалница, која е на место кое води во баражот. В недела во Прилеп во последниот меч од третиот круг, Пелистер го дочекува тимот на Ренова. 

Нема коментара:

Постави коментар