Powered By Blogger

4. 4. 2015.

Степановски: „На многу млади наши фудбалери, тешко им падна овој пораз„

РАЗОЧАРУВАЊЕ И ПО НЕКОЈА СОЛЗА ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ПЕЛИСРЕР ПО ПОРАЗОТ ОД ХОРИЗОНТ ТУРНОВО 
По поразот од Брегалница во 19 коло, сега Пелистер загуби уште еден директен дуел за опстанок во Битола против Хоризонт Турново и ја направи својата ситуација на табелата драматична. Младата битолска екипа претрпе тежок психолошки удар, а голем дел од фудбалерите беа потиштени во соблекувалната.
„ Имаме многу млади фудбалери, на некои им падна тешко овој пораз во соблекувалната. Сепак убеден сум дека од некое гостување ќе ги вратиме загубените бодови од овој натпревар. Ова е мој прв натпревар по подолг период и среќен сум што сум повторно на теренот, но за жал не може да бидеме задоволни со резултатот. Имавме и ние свои можности, ги имаше и противникот, но ете среќата беше на нивна страна„ рече искусниот дефанзивец Методија Степановски. На спротивната страна, Љупчо Димитковски ликуваше по големиот триумф на турновци: „ Мислам дека во еден израмнет меч, заслужено се радувавме. Иако победивме со мајсторски гол, мислам дека физичкиот фактор беше одлучувачки. Ние игравме на таа карта. Имавме зрели шанси и во првиот дел, но ги имаше и Пелистер. На крајот со убав гол ни се посреќи и ова се значајни бодови за мојата екипа„ заклучи предводникот на Хоризонт Турново. „Жешките костени„ Пелистрер сега мора да ги вади од гостувањата кај Металург и Брегалница наредната недела.


Нема коментара:

Постави коментар