Powered By Blogger

25. 4. 2015.

Бајрамовска уште една година во Крим Меркатор

ЕДНА ОД НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ, БЛЕСКА ВО СЛОВЕНИЈА И ЗАСЛУЖИ НОВ ДОГОВОР СО КРИМ МЕРКАТОР 
Битолчанката Мирјета Бајрамовска и следната сезона ќе го носи дресот на словенечкиот првак Крим Меркатор. Бајрамовска е клучната ракометарка на екипата во Лигата на шампионките. Освен со Бајрамовска, клубот го продолжи договорот и со репрезентативката на Бугарија, Елизабет Омореги.
Со Бајрамовска е продолжен договорот на една година, додека со Омореги е потпишан договор до 2018 година. Бившата репрезентативка претходно во кариерата настапуваше за Пелистер и Металург. 

Нема коментара:

Постави коментар