18.04.2015.

Хаџиевски: „Оваа победа ќе направи екипата да игра поопуштено„

ИСКУСНИОТ ТРЕНЕР СМЕТА ДЕКА ОВАА ПОБЕДА МОЖЕ ПСИХОЛОШКИ МНОГУ ДА ЗНАЧИ ЗА НЕГОВАТА ЕКИПА
Пелистер ги остави зад себе најлошите месеци во својата историја и ја прекина најцрната серија, која вели дека 7 месеци битолчани немаа победа во официјален натпревар во првенството и Купот. По победата од 3:1 во Прилеп против Тетекс, зелените веруваат дека „фрлија„ голем психолошки терет од себе и сега ќе играат подобро.
„Мислам дека ја заслуживме победата, иако за неа моравме да трепериме до последната минута. Оваа победа може да ги опушти моите фудбалери кои играа под голем притисок, заради тоа што не победиле долг временски период. Честитки за Тетекс, кој е организирана екипа и имаше свои моменти во мечот„ изјави тренерот на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски. Со головите на Тодоровски, Степановски и Митиќ, пелистерци втор пат оваа сезона го совладаа Тетекс и ја минаа границата од 20 бода, која им беше на дофат од минатата есен кога Секуловски си замина со 16 бода, но еве дури денес и тоа на теренот во Прилеп, каде Пелистер беше домаќин стигна посакуваната победа. За комплетен приклучок во борбата за опстанок, екипата на Хаџиевски ќе мора да донесе и некој бод од гостувањата, а првата шанса е в среда во Кратово против Силекс. 

Нема коментара:

Постави коментар