Powered By Blogger

7. 4. 2015.

Нов пораз и поглед кон Втората лига за битолски Пелистер

ПАК НЕУСПЕХ И МОЖЕБИ КОБНИ МОМЕНТИ ЗА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ВО КЛУЧНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
Прва фудбалска лига - 23 коло
Металург - Пелистер 3:1(1:0)

Стадион „Борис Трајковски„ - населба Маџари - Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Горан Манасиев и Петар Новачев (Велес)
Делегат: Ветон Кранлиевски (Ресен)
Стрелци: Наумовски во 22, Ѓеорѓиевски во 47 и Радески во 62 минута за Металург, а Биљали во 47 минута за Пелистер
Жолти картони: Стојановски, Радески (Металург), а Крстески и Чешмиџиев (Пелистер)
Црвени картони: нема 

Металург:
Тилевски, Ристевски (од 90м. Митров), Ѓеорѓиевски, Илиевски, Петров, Јефтовски (од 76м. Бакрачевски), Тантуровски, Наумоски (од 72м. Бујчевски), Радески, Ангелов, Стојановски

Пелистер:
Драгојевиќ, Крстески (од 46м. Анастасов), Смоковски, Чешмиџиев, Степановски, Велкоски, Петрески, Мустафов, Станојевиќ, Љамчевски (од 72м. Митиќ), Биљали

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа и петтиот пораз на шест мечеви оваа пролет и паднаа комплетно во зоната за испаѓање. На гостување во Скопје на теренот во Маџари, кој беше катастрофален за игра, подобро се снајде младата екипа на Металург и славеше со 3:1. По првите два обиди на домашните фудбалери на Тантуровски во 6 и Ѓеорѓиевски во 13 минута, од третата закана екипата на Захариевски дојде во водство. Се играше 22 минута кога по центрашутот на Ангелов, највисоко скокна битолчанецот во екипата на Металург, Благоја Наумоски и го отвори резултатот. Истиот фудбалер се обиде од далечина во 35 минута, но биеше крај голот. Бледиот Пелистер на одмор замина со минимално заостанување, а Хаџиевски на почетокот од вториот дел го внесе Анастасов на местото на опоравениот Крстески. По првиот корнер во продолжението, во 47 минута центрираше Смоквоски, а највисоко скокна Љутви Биљали и на сличен начин како домаќините и Пелистер постигна гол за израмнување. Но не минаа две минути, а скопските зелени го вратија водството. Тантуровски центрираше од десната страна, топката стигна до Ѓеорѓиевски кој од дистанца го лобуваше истрчаниот Драгојевиќ за 2:1 за Металург. И дури гостите да ги средат своите редови, пристигна и третиот гол во битолската мрежа. Пак Тантуровски беше инспираторот и изведе корнер од левата страна и пак Пелистер прими гол со глава. Овој пат највисоко скокна Марјан Радески и ја „закова„ топката во мрежата на пелистерци. И покрај обидите, влегувањето на Митиќ, резултатот не се менуваше и по трет пат оваа сезона, Металург го совлада Пелистер. Уште полоша вест од поразот во Скопје, за битолчани доаѓа од Турново, каде Брегалница го совлада Хоризонт Турново со 0:1 и го втурна битолски Пелистер во зоната за испаѓање. В сабота во 24 коло, Пелистер му гостува на Брегалница во Штип. 

Нема коментара:

Постави коментар