Powered By Blogger

13. 4. 2015.

Пелистер плеј-аутот во Битола го почна со победа над Охрид

ВО ТВРД И НЕРВОЗЕН НАТПРЕВАР, ПЕЛИСТЕР ГО СОВЛАДА ОХРИД ВО ПЛЕЈ-АУТ МЕЧ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ 
Пелистер - Охрид 25:23 (12:12)

Битолски Пелистер му го нанесе првиот пораз на ракометарите на Охрид во плеј-аут лигата победувајќи го со 25:23 (12:12) во спортската сала „Младост„. Д
омаќините во одбраната не беа ни малку нежни и охриѓани имаат поплаки на судискиот критериум.  Во домашниот табор блескаа Кузмановски и Дрогришки, а охриѓани во 50 минута останаа без Мите Караиванов, кој доби директен црвен картон. Натпреварите од плеј-аут лигата се само за престиж со оглед на тоа што двете екипи имаат доволен број на бодови за опстанок. И Пелистер и Охрид шанса за излез во Европа ќе гледаат преку националниот Куп, иако ждрепката и таму не му оди во прилог.

Нема коментара:

Постави коментар