05.04.2015.

Илиоски трет во Јаница на отворањето на сезоната во источно-европскиот шампионат

ЗАПОЧНА ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОТОКРОС СО ДОБАР РЕЗУЛТАТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МОТОКРОСИСТИ
Битолчанецот Христијан Илиоски го освои третото место во двете трки од стартот на Источно-европското во Јаница, Грција. Во класата МХ1, каде што по вчерашното прво место во квалификациите и денес Кико беше одличен и заврши зад Георгиос Арванитис (Грција) и Тодор Тотев (Бугарија). 
На трката во Грција настапија и Гоце Томовски, кој беше седми во МХ1, додека во МХ2 први бодови освои Ангел Ристов со пласман на 18 место. Кај ветераните во класата МХV, Мирче Ќорнаков беше петти и осми во двете трки, две шести места оствари и Борче Костов. Во јуниорска конкуренција (МХ2 јуниор) Адријан Ристевски забележа 12 и 15 место.

Нема коментара:

Постави коментар