Powered By Blogger

20. 4. 2015.

Гостите од Задар најуспешни на велигденскиот турнир

ХРВАТСКИТЕ КЛУБОВИ НАЈУСПЕШНИ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КК„МЛАДОСТ„
Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“, Општина Битола и Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола изминатиот викенд се одржа петтиот традиционален меѓународен Велигденски турнир за млади категории „Битола 2015“. Учество зедоа 18 екипи од Македонија и Хрватска и тоа, во четири категории: девојки родени 1999/2000, девојки 2001/02, момчиња 2000/01 и момчиња 2003/04. Натпреварите се одржаа во спортската сала „Павел Шатев“ - Студентски дом и спортската сала „Младост“. По тридневни натпревари сосема заслужено првите места во три категории им припаднаа на гостите од Задар, Република Хрватска:

ДЕВОЈКИ 1999/2000:
Задар, Младост, МНА-Кавадарци, Гостивар 2009
ДЕВОЈКИ 2001/02:
Задар, Младост, Гостивар 2009, Струга 2009
МОМЧИЊА 2000/01:
Воштарница - Задар, Партизан ВС - Скопје, Црн Дрим - Струга, Младост, Гостивар 2009
МОМЧИЊА 2003/04:
Партизан ВС, Воштарница, Младост, Гостивар, Црн Дрим

Организаторот на најдобрите им додели пехари и дипломи. Свој настап имаа и поранешните кошаркарки на Пелистер/Битолатекс кои одиграа ревијален натпревар со женската екипа на „Младост“ засилена со поранешниот капитен Симона Стојановска. Исто така, и најмладите членови на „Младост“ (деца од 4-8 години) имаа свој настап. „Добро организиран турнир кој што во целост ги исполни нашите очекувања. Видовме до каде се и македонските и хрватските надежи. Благодарност до организаторот за прекрасниот пречек и организација на натпреварите„ изјави Умберто Пиасеволи, селектор на женската кадетска репрезентација на Хрватска и тренер на ШК „Задар“. „Годинава покрај рекордниот број на учесници имавме и обврска да се претставиме како добри домаќини на гостите од Задар. Најбитно беше што децата се дружеа и стекнаа нови пријатели. Во иднина очекувам продлабочување на нашите спортски контакти со Задар и одигрување на натпревари и во Задар„ по завршувањето на турнирот изјави Горјан Стојановски, претседател на КК „Младост“.

Нема коментара:

Постави коментар