Powered By Blogger

27. 4. 2015.

Битолчанецот Гачевски го сруши рекордот на Пачовски во мак-фудбалот

ЕДЕН ОД „КЛУЧЕВИТЕ„ ЗА УСПЕХ НА БРЕГАЛНИЦА Е БИТОЛСКИОТ ГОЛМАН ФИЛИП ГАЧЕВСКИ
Битолчанецот на голот на Брегалница, Филип Гачевски веќе 797 минути или цели 8 натпревари нема примено гол во својата мрежа. Гачевски напоменува дека по доаѓањето на тренерот Влатко Костов работите драстично се промениле, но за неговиот рекорд заслужен е целиот тим.
Тој го собори рекордот на уште еден битолчанец, голманот на Вардар, Томе Пачовски. Гачевски е бивш голман на младинската репрезентација, а 5 години настапуваше во Капфенберг пред да мине во Брегалница. Гачевски има договор со Брегалница до 1 јули, а иднината ја гледа во странство.

Нема коментара:

Постави коментар