24.04.2015.

Илиоски не отпатува за Бурса: „Ако не добијам помош и од општина Битола, ќе ги оставам пехарите пред Општината„

НОВ ГОЛЕМ УДАР ЗА МАКЕДОНСКИОТ МОТО-КРОС И ШАМПИОНОТ КИКО ИЛИОСКИ 
Ниту еден месец по апелот за помош и барем минимални услови за нов мотор и патувања, нема одговор за вицешампионот на источна Европа во мото-крос, Христијан Илиоски. Второто место во Грција на првата трка и тоа со старт мотор требаше да биде последна шанса инситуциите, федерацијата, Агенцијата за млади и спорт, општината или стопанствениците да помогнат, но пак ништо.
Кико не отпатува за Турција на втората трка, која ќе се вози овој викенд, а тоа е голем пораз и за него како максимално посветен спортист, но и за неговиот клуб, федерацијата и целиот наш спорт. Битолчанецот се обрати до јавноста со најава дека неговата желба за натпреварување полека „умира„.: „Не отпатував за Бурса за втората трката од Источно-европското првенство. Нема услови за мој настап таму. Пробав сам да ги решам техничките проблеми, но ништо од тоа. Немам подршка од никого. Сите мои писма или укажувања во Мото-федерацијата завршуваат без одговор или во нечија фиока. Минатата сезона укажував како со помош од Агенцијата за спорт и млади, може да се помогне.  В понеделник ќе одам во општина Битола повторно и ќе побарам средба. Доколку и од таму не добијам помош ќе ги оставам сите пехари пред Општината. Ќе си го барам заслуженото со многу труд, пожртвуваност, правото на еден спортист да се натпреварува и да учествува,„ заврши Илиоски во дописот до медиумите. Со самото неучество во Турција, Илиоски ги губи шансите за висок пласман во сезоната која е на самиот почеток. 

Нема коментара:

Постави коментар