Powered By Blogger

22. 4. 2015.

Примен гол на стартот и нов пораз на Пелистер

СИЛЕКС ГИ РАЗРЕШИ ГРИЖИТЕ И ГИ ЗГОЛЕМИ ГРИЖИТЕ КАЈ ПЕЛИСТЕР ПО ВОНРЕДНОТО КОЛО
Прва фудбалска лига - 26 - коло
Силекс - Пелистер 1:0 (1:0)

Градски стадион во Кратово. Гледачи: 200
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелец: Ѓорѓиев во 3 минута
Жолти картони: Драгоевиќ (Пелистер)
Црвени картони: нема

Силекс:
Ников, Тимовски, М. Рудан, Мицков, Јанев, Ристевски, Ацески (од 58м. Јаков), Тодоров (од 73м. Пановски), Ѓорѓиев, Дурански, Недељковски

Пелистер:
Драгоевиќ, Тодоровски, Биљали (од 46м. Станоевиќ), Степановски, Петрески (од 62м. Љамчевски), Мустафов, Анастасовн (од 73м. Смоковски), Миленковски, Чешмиџиев, Митиќ, Цирлидис

Амбициите за опстанок во лигата на битолски Пелистер претрпеа силен удар по денешниот пораз во Кратово. Силекс имаше повеќе среќа во деталите и дојде до витална минимална победа од 1:0. Уште во 3 минута, кратовчани брзо поведоа и ги пореметија плановите на екипата од Битола. Јанев упати центаршут од десната страна, а Николче Ѓорѓиев највисоко скокна и со глава ја смести топката зад грбот на Драгоевиќ. Битолчани шокирани од рано примениот гол, дури во 20 минута ја имаа првата закана. Гоце Тодоровски се обиде од слободен удар, но биеше само во живиот зид. Целиот прв дел мина со серија на грешки, без закани кон Ников и Драгоевиќ и екипата на Штерјовски и Здравков комотно го приведе првиот дел кон крај. За да ги смени работите на теренот, Хаџиевски во вториот дел ги внесе Станоевиќ и Љамчевски и Пелистер заигра подобро, но мака мачеше да креира шанса. Јаков и Пановски го затворија и најмалиот приод кон голот на Трајче Ников и зелените делуваа немоќно. Дурански во 76 минута биеше над голот на Драгоевиќ. Во 83 минута се повреди србинот Митиќ, но откако гостинскиот стручен штаб ги изврши сите три замени, пелистерци мораа во финишот израмнување да бркаат со човек помалку. Така Пелистер претрпе нов седми пораз оваа пролет и само заради ремито на Брегалница во Тетово, остана на 5 бода доцнење до штипјани. За време на викендот екипата на Хаџиевски во Прилеп ќе го дочека тимот на Ренова. 

Нема коментара:

Постави коментар