Powered By Blogger

12. 4. 2015.

Илиев по истото сценарио пак го совлада Пелистер

БИВШИОТ ПЕЛИСТЕРЕЦ ПАК КОБЕН ЗА СВОЈАТА БИВША ЕКИПА
Прва фудбалска лига - 23 коло
Брегалница - Пелистер 1:0 (0:0)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 2000
Главен судија: Димитар Мчекаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Зоран Јовановиќ (Гевгелија)
Стрелец: Илиев во 55 минута за Брегалница
Жолти картони: Христов (Брегалница), Чешмиџиев, Биљали (Пелистер)
Црвени картони: нема 

Брегалница:
Гачевски, Митров, Ѓорески, Стојанов, Ристовски (од 52м. Андонов), Блажевски, Мишев (од 52м. Илиев), Здравков, Нацев (од 76м. Никовски), Ступиќ

Пелистер:
Драгојевиќ, Велковски, Петрески, Талевски (од 46м. Речковски), Степановски, Чешмиџиев, Мустафов, Анастасов, Љамчевски, Станојевиќ (од 80м. Цирлидис), Биљали


Со шестиот пораз оваа пролет, фудбалерите на Пелистер се во повеќе од безизлезна ситуација и иако има уште 10 кола до крајот, тие тонат во обидот да обезбедат гол прволигашки живот. Пак за екипата на Хаџиевски кобен беше бившиот пелистерец Лазар Илиев, кој исто како во 18 коло во Битола, го постигна единствениот гол на средбата. Брегалница започна само со јалова иницијатива, но првата закана ја имаше Петар Љамчевски од дистанца, но Филип Гачевски беше сигурен на голот. Во 19 минута се закани Здравков од слободен удар, но само во живиот зид. На идентичен начин во 31 минута биеше и Митров. Првиот дел заврши со шансата на Ристовски, кој од изгледна позиција го префрли голот. Снаодливиот Лазар Илиев најдобро се снајде во 55 минута во противничкиот казнен простор и ја втурна топката во мрежата на Милош Драгојевиќ. Пелистер сеуште беше под шок, а Горан Здравков имаше нова шанса, која не ја реализира. Битолскиот стручен штаб се обиде со внесување на Цирлидис да му даде тежина на нападот, но изостанаа вистински закани и пак младата битолска екипа со наведнати глави го напушта теренот. Следува тежок период, бидејќи Брегалница која е најблискиот ривал има 6 бода повеќе од пелистерци. Во наредното коло Пелистер го дочекува Тетекс, а деновиве ќе се знае на кој терен битолчани ќе бидат домаќини.  

Нема коментара:

Постави коментар