Powered By Blogger

17. 4. 2015.

Во вторник ждрепка и домаќинство на женскиот Куп, Битола можен домаќин на фајнал-фор?

ВЕРОЈАТНО НА ПОЧЕТОКОТ НА МАЈ, ВИКЕНД КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРАЗНИК НА ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ ВО БИТОЛА


Познати се сите четири екипи кои ќе играат на завршниот турнир на женскиот Куп на Македонија. Во вторник РФМ ќе ги одреди двојките за полуфиналето кое ќе се игра на 2 мај, а финалниот меч е ден подоцна. Битолски Пелистер, ЖРК Вардар, втората екипа на Вардар и Металург се екипите кои ќе се борат за трофејот, кој од минатата година го брани ЖРК Вардар.
Неофицијално ЖРК Пелистер пројави желба да го организира завршниот турнир, па постојат големи шанси за прв пат во историјата на женскиот ракометен Куп на Македонија, титулата да се решава и доделува во спортската сала „Младост„ во Битола. Ако имаа малку среќа во ждрепката и направат подвиг, ракометарките на ЖРК Пелистер потајно се надеваат на финале и излегување во Европа по 19 години пауза. ЖРК Вардар една недела подоцна во Будимпешта ќе учествува на многу поголемиот фајнал-фор, овој пат од Лигата на шампионите. 

Нема коментара:

Постави коментар