26.04.2015.

„Чкембарите„ протестираат против управата на Пелистер

БИТОЛЧАНИ НА ШЕСТ КОЛА ДО КРАЈОР ОСТАНУВААТ САМО СО ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ ЗА ОПСТАНОК
Пелистер веројатно го одигра најпозитивниот меч оваа пролет, но ремито со Ренова со 1:1, не му помага премногу на битолчани. Сега во пресрет на плеј-аутот не зависат сами од себе во борбата за опстанок. Во првиот дел од натпреварот два пари судијата Ѓорѓевски го прекинуваше мечот заради некоректно навивање на битолските навивачи.
Тие во текот на целиот меч протестираа и извикуваа против сопствената управа. Незадоволството кај битолчани е огромно и на пелистерци им се заканува трето испаѓање од лигата во нивната историја. „ Мојата екипа одигра одличен меч, креираше многу шанси, но денес и среќата не беше со нас. Против одлична Ренова и по овој тежок терен имавме огромен број на можности. Се гледа дека младата екипа напредува од натпревар во натпревар, само штета е што ситуацијата на табелата не ни е најповолна„ рече по мечот тренерот на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски. „Гипсарите„ играат во многу добра форма и ремито во Прилеп е само продолжување на нивните амбииции за Европа: „ Одличен натпревар по лошиот терен. Мечот беше од големо значење за домаќините и двете екипи создадоа многу шанси. И ние имавме неколку големи шанси, но не ги искористивме. Продолжува борбата за третото место со Шкендија и верувам дека можеме да излезе како победници по последните шест кола„ ни изјави Ќатип Османи, предводникот на Ренова по мечот со Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар