Powered By Blogger

7. 4. 2015.

Пелистер мора да се „вади„ против Металург за поразот од турновци

ПРОТИВ МЕТАЛУРГ, ПЕЛИСТЕР НЕ СМЕЕ НИ ДА ПОМИСЛИ НА ПОРАЗ, БИДЕЈЌИ АМБИСОТ НА ВТОРАТА ЛИГА Е СЕ ПОБЛИСКУ 
Ако во плановите на пелистерци беше победа во директниот дуел со Хоризонт Турново, првичниот план не успеа и екипата на Хаџиевски ќе мора бодови за опстанок да бара на гостувањата кај Металург и Брегалница оваа недела. Против скопските зелени, тренерот на битолчани до последен момент нема да знае дали ќе може да смета на Гоце Тодоровски и Миле Петковски.
Двајцата со повреди го завршија мечот со турновци и неизвесно е дали ќе играат оваа недела. Надвор од стројот се младите Трајковски и Мирчевски, а Александар Крстески ќе патува со екипата. Веројатно тимот на пелистерци ќе претрпи неколку измени, бидејќи од мечот со Металург битолчани многу очекуваат: „Секој меч во продолжението од сезоната е клучен за нас. Верувам дека може да се издигнеме по поразот од Хоризонт Турново. Многу екипи од нашето првенство се со изедначен квалитет и малите детали одлучуваат. Верувам дека овој пат тие детали ќе бидат на наша страна„ рече Филип Миленковски по последниот тренинг пред мечот на стадионот „Борис Трајковски„ во населбата Маџари. Пелистер минатата сзона славеше на теренот на Металург, но минимално загуби есента, кога потклекна во последните минути од мечот.

Нема коментара:

Постави коментар