Powered By Blogger

1. 4. 2015.

Успешна скијачка сезона за битолчанецот Марјан Нашоку

ЗАВРШИ СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА, НАЈУСПЕШНА ВО КАРИЕРАТА НА МАРЈАН НАШОКУ
Македонскиот репрезентативец 19 годишниот,битолчанецот Марјан Нашоку, кој е член на скијачкиот клуб Пелистер, со ФИС натпреварите во скијачкиот центар Колашин во Црна Гора, успешно ја заврши овогодишната натпреварувачка сезона.
Тој ги постигна неговите најдобри резултати на меѓународно ниво. По настапот на Светското првенство во Веил и Бивер Крик, Марјан Нашоку заедно со Антонио Ристевски продолжија со меѓународни натпреварувања ФИС натпревари во Австрија (Леоганг), Чешка (Мала Моравка), Полска (Закопане), Словачка (Вратна), Србија (Копаоник)  и Црна Гора. На овие натпревари Марјан Нашоку, ги постигна своiте наjдобри пласмани петто и седмо место во велеслалом, со најниски ФИС точки 71,6  и во слалом. Според  листата на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) со овие резултати Марјан Нашоку се вбројува меѓу најдобрите битолски скијачи (единствено со подобри остварени ФИС - точки се само поранешните репрезентативци Ѓорги Марковски и Александар Витанов).  

Нема коментара:

Постави коментар