Powered By Blogger

22. 4. 2015.

Втор пат во историјата нема битолчанец во ракометната репрезентација

КРИЗАТА НА БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТ КУЛМИНИРА СО НЕПОВИКУВАЊЕТО НА НИТУ ЕДЕН БИТОЛЧАНЕЦ ВО НАЈСИЛНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го соопшти скратениот список за двата натпревари со Франција од квалификациите за ЕП во Полска. По втор пат во историјата ниту еден битолчанец нема да го носи дресот на националната селекција, откако голманот Николче Митревски испадна од поширокиот список.
Првиот таков случај беше пак под водство на Обрван на мечот со Шпанија во Скопје пред две години, кога Ангеловски и Митревски беа на поширокиот список, но одпаднаа и не настапија. Претходно на мечот со Португалија од дресот со државниот дрес се прости репрезентативецот со најмногу настапи, Стевче Алушовски. Тоа е јасна слика за големата криза на битолската ракометна школа и на РК Пелистер. Сепак во списокот за мечот со Франција дури шестмина го носеле дресот на Пелистер (Ангелов, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Митков, Јоноски и Н. Мојсоски). 

Нема коментара:

Постави коментар