Powered By Blogger

6. 12. 2015.

Водство од самиот старт и победа за морал на Пелистер против Вардар Јуниор

СО ВОДСТВО ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ, ПЕЛИСТЕР ПРОКНИЖИ БИТНИ БОДОВИ, ПОБЕДУВАЈЌИ ГО ВАРДАР ЈУНИОР
Пелистер - Вардар Јуниор 27:22 (15:10)

Битолски Пелистер ја забележа четвртата победа во овогодинешниот шампионат на Суперлигата. Битолската екипа беше подобра од младиот состав на Вардар Јуниор со 27:22 (15:10). Почетокот на натпреварот беше најава за тоа како ќе се одвиваат настаните на натпреварот.
Битолчани веднаш „покажаа заби“ и успеа да наметнат свое темпо, преку Богдан Николиќ и играта преку двата кружни напаѓачи Топиќ и Димитровски. Тоа темпо тие го одржаа скоро во сите 60 минути. Нова серија во финишот од 4:0 беше доволна за воспоставување на резултатска контрола на битолската екипа. На одмор се замина со резултат 15:10. Вториот дел започна со подобра игра на гостинската екипа, која успеа на момент да се врати во игра, преку Вујачиќ и неговите голови од позиција на десен бек. Вардарци успеаја да го намалат водството на два гола разлика и го направија натпреварот за момент интересен. Меѓутоа, Пелистер, предводен од Стефан Дрогришки, не дозволи изненадување и со серија од шест гола го однесе натпреварот во мирна завршница. На крај битолчани славеја и ја забележаа четвртата сезонска победа. Најдобри кај домашната екипа беа Дрогришки со 8 гола. Маџовски и Николиќ се надоврзаа на победата со по 5 гола. Кај гостите, лидер беше Црногорецот Вујачиќ со 7 и Филип Чурлевски со 4 гола.

Нема коментара:

Постави коментар