Powered By Blogger

21. 11. 2015.

Пелистер срушен од Колеќески за прв есенски пораз

ВО 13 НАТПРЕВАР ОД СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР ПРВ ПАТ ПОРАЗЕН ОВАА ЕСЕН ВО ВТОРАТА ЛИГА
Втора фудбалска лига - 13 - коло
Љубанци - Пелистер 1:0 (1:0)

Стадион во Ѓорче Петров - Скопје. Гледачи: 300
Главен судија: Кирил Смоквоски
Асистенти: Златко Митрески и Иле Мишески (сите од Прилеп)
Делегат: Љупчо Ѓорѓиевски (Кочани)
Стрелец: Колеќески во 28 минута за Љубанци
Жолти картони: Брњарчевски, Колеќески (Љубанци), Трифуновски, Трајковски, Мирчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема 


Љубанци:
Ристовски, Брњарчевски, Бојовиќ, Стојчевски, Колеќески (од 85м. Галовиќ), Чешмиџиев, Иванов, Митев (од 72м. Серафимовски), Хаџија (од 60м. Фидановски), Велковски, Стојановски

Пелистер:
Атанасовски, Тодоровски, Мустафов (од 39м. Додевски), Мирчевски, Трајковски, Степановски (од 58м. Главевски), Лампевски, Недановски, Љамчевски, Трифуновски, Димитроски (од 75м. Здравевски)

По двете последователни победи против Гостивар и Победа, фудбалерите на Пелистер во 13 натпревар од Втората фудбалска лига, го претрпеа првиот пораз. Новиот второлигаш Љубанци, воден од бившиот тренер на зелените, Зоран Смилевски минимално славеше со 1:0 со голот на Колеќески со глава во централната фаза од првиот дел. На голот му претходеше убав центрашут на Велковски и висок скок на стрелецот, кој го надскока својот чувар и со дијагонала ја погоди мрежата на младиот Дарко Атанасовски. Со исклучок на тој момент, мечот беше изедначен и Пелистер беше и повеќе од рамноправен противник. Дури и преку Мирчевски и Главевски, создаде неколку шанси да постигне гол, но овој пат тимот на Штерјовски потклекна. Планот му го расипа и повредата на младинскиот репрезентативец Бурхан Мустафов, уште во првиот дел. Во самиот финиш гостинската клупа му даде можност на младиот 17 годишен, Бобан Здравевски, но мрежата на Ристовски не се тресеше. Љубанци му возврати на Пелистер за поразот во третото коло во Прилеп, кога беше 2:0 за битолчани. Во последното 14 есенско коло, Пелистер наредната сабота го дочекува тимот на Еуромилк и потоа следи тримесечна пауза во Втората лига. Сеуште теоретски постојат шанси за есенската титула која ќе се решава меѓу Љубанци, Тетекс, Македонија Ѓ.П. и Пелистер.  

Нема коментара:

Постави коментар