Powered By Blogger

20. 12. 2015.

Ветувачки проект на КК Пелистер

ПЕЛИСТЕРЦИ КОНЕЧНО ИМААТ УСЛОВИ ЗА МАКСИМАЛНО НАСОЧУВАЊЕ КОН ПРОМОЦИЈА ВО ПРВАТА ЛИГА
Откако се трансформира во акционерско друштво, КК Пелистер ги постави сите структури во клубот и одржа прес-конференција на која ги претсави плановите на долг период. Претседател на клубот е Љупчо Стефановски, нов спортски директор Благој Печалов, а шеф на стручниот штаб Зоран Петковски.

„Сите детали од буџетот кои ги побаравме, општина Битолан која е единствен акционер во клубот, ни ги исполни. Имаме и други помагатели, но во овој момент немаме грижи од организационен карактер. Спортскиот директор Печалов исто така ќе работи со младинските категории во клубот. Наша цел е да создадеме стабилен второлигаш и со текот на времето да се развијат домашните кошаркари и да се промовираме во стабилен прволигаш“, истакна новиот претседател, Стефановски. Петковски, кој своевремено беше капитен на екипата, сега е најмладиот тренер во историјата на Пелистер. Ветува борба и создавање на проект со цврсти темели. „Имаме комплетно битолска екипа, со исклучок на еден кошаркар, играме полетно, дури и над очекувањата. Загубивме само два натпревари и тоа во гости од директните конкуренти. Верувам дека ќе се стабилизираме, ќе создадеме база на кошаркари и кога ќе бидеме подготвени за 1-2 години ќе влеземе во Првата лига. Но не само за да влеземе, туку таму да се задржиме подолго време и да играме главна улога“, рече Петковски на прес-конференцијата по повод официјализацијата на клупската трансформација. Охрид е суверен лидер, а Пелистер презимува на второто место со многу позитивни вибрации за во иднина.

Нема коментара:

Постави коментар