По исчекувањата,
започната новата кошаркарска сезона со убедлив пораз на Пелистер во Струмица
Струмица -
Пелистер 81:53 (21:13 , 19:14, 26:14, 15:12)
По двонеделно одлагање започна
кошаркарскиот шампионат на Македонија. На гостувањето кај Струмица, кошаркарите
на Пелистер на Благој Печалов очекувано убедливо загубија од домашната екипа.
Зелените со скоро истиот тим кој ја избори промоцијата, без Ѓорѓи Талевски кој
се пензионираше, само во првите 15 минути играше рамноправно со домаќинот.
























