Powered By Blogger

29. 9. 2015.

Мустафов повикан на списокот на младата репрезентација

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ИЗБОРОТ НА МИЛЕВСКИ ЗА КВАЛИФИАКЦИОНИОТ МЕЧ СО СЕВЕРНА ИРСКА
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Северна Ирска на 13 октомври на гостински терен. Во тимот на Милевски првпат е повикан офанзивниот фудбалер на Брегалница, Стефан Мишев, повратници во надежната репрезентација се Тихомир Костадинов, Алекса Амановиќ и Бесмир Бојку.

Голмани: 
Алексоски (Ѓ.Петров), Шишковски (Работнички), Талевски (Металург)

Одбрана: 
Зајков (Шалрероа, Белгија), Муслиу (Ренова), Демири (Шкендија), Најдовски (Работнички), Аминовиќ (ИМТ Нови Београд, Србија), Ристовски (Металург), Мурати (Шкупи)

Среден ред: 
Николов (Вардар), Бојку (Шкупи), Мустафов (Пелистер), Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија)

Напад: 
Радески (Шкендија), Маркоски (Работнички), Ангелов (Металург), Имери (Хоризонт Турново), Мишев (Брегалница), Костадинов (Банска Бистрица, Словачка).

Нема коментара:

Постави коментар