Powered By Blogger

12. 9. 2015.

Главевски конечно ги израдува битолчани

ПРВА РАДОСТ ВО НОВАТА СЕЗОНА ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Втора фудбалска лига - 4 коло
Пелистер - Љубанци 3:1 (1:1)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 1000
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Кире Ангеловски (Струмица)
Делегат: Штерјо Ѓорѓиев (Свети Николе)
Стрелец: Ацески во 8 и Главевски во 54 и 56 минута за Пелистер, а Ти. Фидановски во 40 минута за Љубанци
Жолти картони: Петковски, Лавуровски (Пелистер), Серафимовски (Љубанци)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Додевски, Главевски, Миленковски (од 46м. Лампевски), Ацески, Недановски, Степановски (до 35м. Димитриоски), Трајковски (од 80м. Лавуровски), Петковски, Трпески, Љамчевски

Љубанци:
Ристовски, Брњарчевски (од 57м. Стојановски) , Бојовиќ, Серафимовски, Чешмиџиев, Колеќески, Иванов (од 66м. Хаџија(, Велковски, Галовиќ, Ти. Фидановски, Те. Фидановски

Дури во четвртото коло од Втората фудбалска лига, битолски Пелистер ја забележа првата победа во натпревар за бодови. Момците на Зоран Штерјовски мора да му се заблагодарат на Благојче Главевски, кој постигна два гола во вториот дел и му го нанесе првиот пораз на новиот второлигаш, Љубанци. Мечот почна одлично за Пелистер, откако во 8 минута, Нове Ацески во отвори резултатот. Одличната екипа водена од битолчанецот Петар Георгиевски реагираше и пред одморот преку Тихомир Фидановски израмни на 1:1 Во интервал од само две минути, робусниот Главевски постигна два гола од 54 до 56 минута и по три нерешени натпревари многу тензија околу очекувањата за промоција во Првата лига, Пелистер конечно успеа да победи и пред дербито со Тетекс, направи виден напредок на табелата.  

Нема коментара:

Постави коментар