Powered By Blogger

15. 9. 2015.

Ветеранот Чачиќ е завршно решение за проблемите на Пелистер

НОВ ПРЕСВРТ ОКОЛУ ПОСЛЕДНОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР ОВА ЛЕТО
39 годишниот интернационалец од Б и Х, Младен Чачиќ најверојатно ќе биде последното летно засилување на битолскиот Пелистер. Откако Марио Граб не задоволи, а се изјаловија преговорите и со Милан Левов, од денес во Битола е босанскиот интернационалец, Чачиќ.
Десниот бек, кој е роден во Ниш, има огромно искуство од настапи во најсилните европски лиги, како и за репрезентацијата на Б и Х. Во неколку децениската кариера, Чачиќ настапуваше за Борац Бања Лука (Б и Х), Раднички (Србија) , Ловчен (Црна Гора), Дудершат (Германија), Октавио (Шпанија), Истад (Шведска), Киелце (Полска), Исландиа (Исланд) и Спарта Хлоховац (Словачка). Ако потпише перманентен договор, може да дебитира за пелистерци, в сабота во Прилеп во првото коло од новата Суперлига.    

Нема коментара:

Постави коментар