Powered By Blogger

17. 9. 2015.

Чачиќ задоволи, Левов ќе потпише идната недела

ВЕТЕРАНОТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НОВИОТ ПЕЛИСТЕР, ЛЕВОВ ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ НОВАЈЛИЈА
Искусниот 39 годишен ракометар од Б и Х, Младен Чачиќ потпиша договор на една сезона со битолски Пелистер, откако задоволи на дводневната проба. Тој доаѓа од словачки Спорта Хлоховец, каде минатата сезона одиграл неколку месеци пред да замине од клубот.
Доколку пристигне навреме сертификатот тој своето деби може да го има веќе в сабота кога Пелистер му гостува на Прилеп во Пелагониското дерби. Ова доведување не го изсклучува и потпишувањето со Милан левов, кој од наредната недела би требало да потпише со пелистерци.

Нема коментара:

Постави коментар